Top Sport

Гундоган: Пеп се надеваше дека заедно ќе си заминеме од Сити

Илкај Гундоган открива дека Пеп Гвардиола му кажал дека мислел дека ќе заминат заедно од Манчестер сити, откако капитенот на англискиот клуб потпиша за Барселона.

32-годишниот Германец беше првиот фудбалер кој Гвардиола го купи по преземањето на Сити и си заминува од „Етихад“ како легенда на клубот. Сити и Гвардиола сакаа да го задржат, но не му понудија двегодишен договор како Барселона.

„Еден од најтешките повици беше до Пеп, кога му кажував дека ќе си заминам. Можев само да му кажам благодарам. Не само за оваа сезона, туку за тоа што ме донесе тука. Нема да заборавам кога го повредив коленото на крајот на сезоната со Дортмунд во 2016 и морав да одам на операција. Бев загрижен дека Сити ќе се повлече, но Пеп ми се јави и ми кажа дека ќе ме чека. Тој сакаше да дојдеме и да заминеме заедно, но сигурен сум дека ја разбира мојата одлука. Помага и тоа што одам во неговиот стар клуб“, вели Гундоган.

Scroll to Top