Германскиот играч Илкај Гундоган вели дека е среќен поради тоа што добил аплауз од страна на навивачите, откако влезе како замена во натпреварот помеѓу Германија и Франција од Лигата на нации, кој заврши без голови.
Германија за првпат по пријателскиот натпревар против Саудиска Арабија пред Светското првенство играше на домашен терен, а кога германските играчи со турско потекло Месут Озил и Гундоган беа исвиркани од страна на фановите поради тоа што се фотографирале со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Тој настан ги наговести и настаните што доведоа до повлекувањето на Озил од репрезентацијата – обвинувајќи го врвот на германската фудбалка федерација за расизам.
Но, во четвртокот Гундоган влезе од клупата и го замени неговиот германски соиграч Леон Горецка во текот на втората половина, и додека од трибините на Алијанц арената можеа да се слушнат свиркања, од други делови на стадионот имаше и аплауз за играчот на Манчестер сити.
“Бев нервозен кога се подготвував да влезам во игра. Не требаше да се плашам, но бев нервозен поради тоа што не знаев што да очекувам. Бев среќен што имаше аплауз, го поздравив тоа и од тој момент можев да се фокусирам на натпреварот. Сега можам со насмевка да се вратам“, изјави Гундоган по натпреварот.