Top Sport

Гундоган се повреди на ден пред финалето во Порто

На денот кога се игра големото финале во ЛШ (вечерва во 21 часот) менаџерот на Манчестер Сити се соочува со неочекуван проблем.

На последниот, синоќешен тренинг пред денешниот дуел со Челси се повредил германскиот репрезентативец, Илкај Гундоган (30) кој игра одлична пролетна полусезона за „граѓаните“.

Гундоган не го завршил тренингот затоа што заработил повреда на мускулот, па вечерва се очекува да биде на клупата за резерви.

Гундоган сезонава на 45 меча за Сити постигна 17 гола, а има и 5 асистенции.

Scroll to Top