Top Sport

Гвардадо: Како тоа имам 20 фотки со Меси, а топката ниту еднаш не е кај мене!

Мексиканското крило на Реал Бетис, Андрес Гвардадо минатото лето уште еднаш ја покажа „големината“ на Лео Меси, откако видеото на кое неговиот син добива средба со својот идол Лео Меси беше видено над милион пати.

По второто полувреме од 5:0 поразот од Барса, фудбалерот на Бетис со својот син Максимо во рацете го „начекува“ Меси во ходниците на стадионот „Бенито Вилјамарин“, и Аргентинецот му го направи денот фантастичен на малиот навивач.

Сега, искусниот Мексиканец ќе се обиде да го направи „невозможното“ на новиот меч со Барселона: „Како е можно да имам 20 фотографии со Меси, а во ниту една топката да не е кај мене?“. Можеби денеска ќе му се „посреќи“.

Кога синчето на Гвардадо го сретна својот херој Меси (видео)

Scroll to Top