Top Sport

Гвардадо: За Мексико е совршено што играме со Бразил

Капитенот на мексиканската репрезентација, Андрес Гвардаро вели дека тимот има „совршено сценарио“ на Мундијалот во Русија со тешкиот осминафинален дуел против фаворитите Бразил.

„Ел три“ влегуваат како аутсајдери во пресметката и по тешкиот 3:0 пораз од Шведска со кој наместо да играат со Швајцарија во осминафиналето, го добија Бразил. Но, Гвардадо вели дека дуел со фаворит како Бразил е нешто посебно и дека тие одат на прво четврт-финале надвор од шампионат кој се одржува во Мексико.

„Нема поголема мотивација од фактот што сме пред мечот на нашиот живот, против петкратен шампион. Што да кажам повеќе? Во тимот си велиме дека ова е совршено сценарио. Нема да имаме изговори. Ако победиме, тоа ќе биде бидејќи сме играле добро. Да бевме први ќе се соочевме со Швајцарија и да ги победевме, луѓето ќе велеа ’па тоа е само Швајцарија’. Такви сме во Мексико. Затоа е подобро да се сретнеме со Бразил“, вели Гвардадо.

Мексико ќе биде без левиот централен бек Ектор Морено поради жолти картони, што ќе биде ослабување бидејќи дефанзивецот на Реал Сосиедад е еден од лидерите на тимот.

„Имаме 23 фудбалери кои можат да стартуваат. На крајот, селекторот ќе го направи изборот и сите ќе мораме да играме обединето за да одиме понатаму. Против Шведска научивме многу. Европските клубови играат со многу воздушни дуели и навистина се мачевме, но сега сме подготвени“, вели Гвардадо.

Фото: ЕПА

Scroll to Top