Top Sport

Гвардиол вреди најмногу од У-23 дебитантите во Топ 5 национални првенства

Пионерите во областа на економската проценка на вредностите на фудбалерите, фудбалската опсерваторија ЦИЕС, направи нова анализа за вредноста на играчите до 23 години од петте најсилни првенства во Европа, односно цената на момците кои оваа сезона дебитираа во Топ 5 лигите.

Ова се идните ѕвезди на светскиот фудбал, играчи кои не се толку млади, но веќе блеснаа или ќе блеснат на најголемата сцена во блиска иднина. Според своите критериуми, CIES ги пресмета вредностите на сите фудбалери кои ги исполнуваат дадените услови и состави листа на 50 најскапи.

Според ЦИЕС најскап на листата е хрватскиот дефанзивец Јошко Гвардиол (20), проценет на 96.200.000 евра.

Гвардиол игра извонредно во Лајпциг, а според многу стручњаци кога ќе замине ќе го собори рекордот по вредност на трансфери за централен дефанзивец.

Зад Гвардиол е неговиот клупски колега, Унгарецот Доминик Собослај (60.300.000), потоа Пабло Гави од Барселона (58.600.000), Нуно Мендеш од Пари Сен Жермен (53.000.000) и Марк Гуехи од Кристал Палас (50.000).

Во Топ 10 доминираат играчи од Бундеслигата (5), тројца се од Франција, по еден од Шпанија и Англија …

Комплетената листа на ЦИЕС.

Scroll to Top