Манчестер Сити избори пласман во полу-финалето во Лига купот, откако синоќа по изведувањето на пенали го совлада Лестер. Сити само ја продолжи импресивната серија, но менаџерот Пеп Гвардиола не сака да се создава еуфорија околу неговиот тим.
Манчестер Сити има 11 бода предност во однос на Манчестер јунајтед во Премиер лигата, се пласира во осмина-финлето во Лигата на шампионите каде ќе игра против Базел, го мина Лестер во Лига купот, поради што се наметнува прашањето дали Сити може да ги нападне четири трофеи?
„Четири трофеи? Не помислувајте на тоа! Тоа е невозможно! Тоа нема да се случи“, рекол менаџерот Гвардиола по натпреварот во Лестер.
Во историјата никогаш не се случило англиски тим да ги освои четирите трофеи во една сезона. Најблиску до таков потвиг бил Манчестер јунајтед во сезоната 1998/99. „Црвените ѓаволи“ тогаш освоија три трофеи: премиер лигата, Лигата на шампиони и ФА купот, но во Лига купот испаднаа од Тотенхем во четврт-финалето.