Top Sport

Гвардиола: Да трошев јас како Челси, ќе ме убиевте!

Пеп Гвардиола смета дека критичарите ќе го „убиеле“ доколку неговите Манчестер сити трошеле колку Челси по преземањето од Американецот Тод Бели.

Челси потрошија речиси 1 милијарда фунти по преземањето на клубот од страна на Бели и неговиот „Клирлејк капитал“ од рускиот милијардер Роман Абрамович во мај 2022.

„Немаше да можам да седам тука ако потрошевме толку колку што Челси потроши последните два преодни рока – ќе ме убиевте! Тоа е сигурно. Ќе бевме под критики какви што не можат да се замислат. Ние секогаш сме го правеле тоа што е нормално и фер на пазарот. Го сакавме Хери Мегваер и не го купивме бидејќи не сакавме да платиме толку, го сакавме Марк Кукурелја и не плативме толку, ниту Алексис Санчез. Ќе платиме суми што сметаме дека се фер, а за други работи тука е академијата. Нема да бидеме очајни за уште неколку фудбалер. Не го критикувам Челси ниту малку. Велам дека ако ние го правиме тоа, ќе бидеме мртви. Менталитетот на луѓето мора да се смени – сите трошат многу. Не само Сити“, вели Гвардиола.

И покрај овие зборови, Гвардиола вели дека не му пречи бизнисот на Челси.

„Тие можат да прават што сакаат. Го сакаат најдобриот фудбал за своите фанови, ги сакаат титулите и сакаат секоја година да се подобри. Кажете ја вистината – уживате во преодниот рок. Овој фудбалер, оној фудбалер, секој ден ново име. Би сакал само да се работи за пократок рок, да биде завршен пред стартот на сезоната“, додава Гвардиола.

Scroll to Top