Пеп Гвардиола веројатно ќе стане најплатениот тренер во светот на фудбалот. Како што пишуваат англиските медиуми Гвардиола веќе ги договорил условите околу новиот договор.
Според истите извори менаџерот на Манчестер сити ќе има годишна плата од 23 милиони евра.
Гвардиола деталите околу новиот договор ги договорил во Абу Даби каде се сретнал со шеикот Мансур и претседателот на клубот Ал Мубарак.
Инаку, Гвардиола, оваа сезона заработува 15 милиони евра, а со новиот договор ќе ги сруши сите рекорди.
Во досегашната кариера Пеп бил тренер на Барселона и Баерн Минхен, а во Сити е од 2016 година.