Откако синоќа го победи Свонси (4:0), Манчестер Сити ја запиша 15.победа по ред што досега не му успеало на ниту еден тим во историјата на премиер лигата. Претходниот рекорд беше во сопственост на Арсенал, кој во 2002 година победи на 14 натпревари, во во две различни сезони.
„Во историјата на оваа лига имаше гениални тимови: Ливерпул, Јунајтед на Фергусон, Челси со Мурињо, а ние сме први кои запишале 15 победи во низа. Убаво е тоа, но ништо нема да ни значи доколку победите не ги претвориме во титула на крајот од сезоната. Доколку не ја освоиме титулата тоа ќе биде само еден обичен рекорд кој еден ден ќе биде соборен“, рекол Пеп Гвардиола.
Менаџерот на манчестер Сити е единствен во светот на фудбалот, тој држи три од пет рекорди во модерниот фудбал.
Гвардиола со Барселона, во која главни играчи беа Меси, Чави и Иниеста го сруши шпанскиот рекорд со 16 последовни победи. Потоа замина во Бундес лигата и со Баерн постави апсолутен германски рекорд, 19 победи по ред.
Минатата сезона пристигна во Сити, премиерната сезона бе му беше успешна, но на вистински начин ги искористи сретставата кои ги доби од сопствениците, на засилувања има потрошено околу една милијарда евра, но состави совршен тим.
Дека е тоа така покажуваат и резултатите на теренот, само едно реми во 17 одиграни натпревари и 15 победи во низа во според многумина најсилното фудбалско првенство во светот.