Top Sport

Гвардиола е виновен за маките на германската репрезентација?

Поранешниот германски репрезентативец Ханс-Петер Бригел тврди дека тактиката на Пеп Гвардиола е главниот виновник за негативните резултати на германската репрезентација во последните години.

Каталонецот, кој сега е менаџер на Манчестер сити, беше на чело на Баерн Минхен од 2013 до 2016 година, поставувајќи ја неговата препознатлива фудбалска филозофија во германскиот гигант, со кој стигна до три титули, две титули од ДФБ купот и трофеј од Светското клупско првенство.

Сега, Бригел тврди дека неговиот стил на игра имал лошо влијание на германскиот фудбал, бидејќи сега се верува дека мора да имаат посед на топката за да победуваат.

„Едноставен принцип веќе не е во нашите умови – дека фудбалскиот резултат е поважен од контролата на играта. Откако дојде Гвардиола во Баерн, работите се сменија. Имавме илузија дека е потребно да имаме 75 отсто на поседот за победуваме. Но, контролата на топката не е доволна за резултат. Последните резултати на светските шампиони Франција покажуваат дека тоа не е вистина, можеш до титули и со под 50 отсто посед“, вели Бригел за италијанската „Република“.

Дали се работи за влијанието на Гвардиола или не, тимот на Јоаким Лев нема добри резултати. Германија испадна во натпреварите по групи на СП во Русија, освојувајќи само три поени, по што испаднаа и од елитната лига А во Лигата на нации на УЕФА, откако не успеаја да победат на ниту еден натпревар во тешката група со Франција и Холандија.

Scroll to Top