Пеп Гвардиола немаше изговори за новиот европски неуспех со Манчестер сити, откако во четири сезони на чело на богатиот англиски клуб не успеа да го мине четврт-финалето на Лигата шампионите по шокантниот 1:3 пораз од Лион.
„Еден ден ќе го ’скршиме’ овој куп. Првите 25 минути се мачевме. Во второто полувреме, чувствував дека бевме подобри, но моравме да бидеме совршени во овој меч и тоа не го направивме. Не сакам да зборувам за условите, бидејќи ќе изгледа дека барам изговори. Ние сме во аут. Направивме добри работи, но тие не беа доволни. Направивме премногу грешки во клучните моменти. Разочарани сме, но сега одиме на одмор и ќе се вратиме да работиме напорно на следната сезона. Еден ден ќе го ’скршиме’ овој куп“, објаснува Гвардиола.