Манчестер сити го договориле првото засилување за новата сезона. Без оглед а тоа дали ќе продолжи сезоната во Премиерлигата и дали ќе заврши Лигата на шампионите во тимот на Пеп Гвардиола од наредната сезона ќе игра капитенот на Олимпик Лион, Хусен Ауар.
Како што пишува „Лекип“ Сити и Лион ги финишираат преговорите околу трансферот на 21 годишниот фудбалер.
Овој извор тврди дека „граѓаните“ трансферот на Ауар ќе ги чини помеѓу 50 и 60 милиони евра.
Ауар во Лига 1 сезонава одиграл 25 натпревари и постигнал три гола.