Можеби повеќето не се сеќаваат кога Јаја Туре го напушташе Манчестер Сити. Беше во кавга со менаџерот Гвардиола, не добиваше шанса за настап, па реши да си оди од „Итихад“.
Тогаш неговиот агент, Димитри Шелук влезе во голема кавга со Пеп Гвардиола, па во медиумите зборуваше секакви работи. Меѓу останатото и приказната за африкански племиња и нивната клетва за Пеп Гвардиола.
„Бог се гледа. Јас сум човек кој често зборува со Туре, легендата на клубот, а тој (Гвардиола) не му дозволува да игра. Ја сврте цела Африка против себе, а многу африкански навивачи веќе не навиваат за Манчестер Сити. Сигурен сум дека и многу Шамани нема да дозволат Гвардиола да ја освои титулата во Лигата на шампиони. Тоа ќе биде африканска клетва за него. Животот ќе покаже дали сум во право или не“ рече тогаш Шелук.
Навистина, „клетвата“ се уште трае, последниот трофеј во Лигата на шампиони Гвардиола го освои со Барселона уште во 2011 година.