Манчестер сити не успеа да забележи победа над аутсајдерот ВБА, во Премиер лигата. Дуелот од 12.коло, на „Етихад“, заврши без победник 1:1. Покрај големиот број на неискористени шанси, од страна на домашните фудбалери, мечот го обележа и расправијата на Пеп Гвардиола со четвртиот судија Ентони Тејлор.
Шпанецот не бил задоволен од одлуката второто полувреме да биде продолжено за само четири минути.
„Му кажав дека малку се четири минути. Габриел Жесус лежеше на тревата три минути, беа извршени шест измени, а при секој прекин нивниот голман „крадеше“ по 30 секунди. Мислам дека мојата лута реакција беше оправдана. Очекував надополнувањето да биде подолго“, рекол Гвардиола.
Pep Guardiola was not happy with the amount of injury time ? pic.twitter.com/7K5ci9wUoR
— B/R Football (@brfootball) December 15, 2020