Top Sport

Гвардиола го „носи“ Иниеста во Сити?

Пеп Гвардиола планира да се „обедини“ со генијот на Барселона, Андрес Иниеста на лето, со тоа што ќе го донесе ветеранот во Манчестер сити, вели британскиот „Дејли мирор“.

Шпанскиот репрезентативец имаше фантастичен успех на „Ноу Камп“, а во октомври потпиша „доживотен“ договор со каталонскиот гигант, но медиумите постојано шпекулираат дека не е задоволен по пристигнувањето на Филип Кутињо од Ливерпул.

Неговиот поранешен шеф, Гвардиола ја следи ситуацијата и ќе ја искористи шансата повторно да работи со 33-годишниот Иниеста, кој има над 700 настапи за Барселона. Тој беше клучен човек во „фудбалската филозофија“ на Гвардиола од 2008 до 2012 година и совршено би се вклопил во новиот систем на Каталонецот во Англија.

Scroll to Top