Top Sport

Гвардиола: Халанд е во уште подобра форма од минатата сезона

Пеп Гвардиола ги предупреди ривалите на Манчестер сити дека Ерлинг Халанд е во „многу подобра“ форма од минатата сезона, откако во неделата постигна два гола при 5:3 победата во првиот тест-меч против јапонскиот шампион Јокохама Ф-Маринос.

Норвешкиот напаѓач во 2022/23, неговата прва сезона кај англискиот шампион, постигна 52 гола, вклучувајќи рекордни 36 гола во Премиерлигата.

„Во споредба со минатат сезона во овој период, сега е во подобра физичка форма, многу подобра од неговото пристигнување во нашиот тим. Секако, уште не е во врвна форма, но тоа е ситуацијата со сите. Беше важно да почне со голови, а бидејќи добро го познавам, знам дека ќе биде уште подобар во новата сезона“, вели Гвардиола.

Следни мечеви за Сити се против Атлетико Мадрид и Баерн Минхен.

Scroll to Top