Барселона го понудила Филипе Кутињо на Манчестер сити ова лето, но Пеп Гвардиола ја одбил шансата да го врати Бразилецот во Премиер лигата, тврди шпанскиот весник „Марка“.
Кутињо на крајот заврши во Баерн Минхен како позајмен фудбалер во обид да ја врати формата која ја покажуваше во Ливерпул, но од која немаше ниту трага ниту глас на „Ноу Камп“.
Според „ТВ3“ и „Марка“, Гвардиола воопшто не бил заинтересиран да го донесе плејмејкерот кога од Барса, клубот со кој има нераскинлива врска му го понудиле. Сити биле прва опција на Барселона, но не и последната, откако каталонскиот клуб очајно се обидувал да се ослободи од Бразилецот.
Баерн платија 8.5 милиони евра за позајмица на една сезона со опција да го откупат Кутињо за 120 милиони евра на крајот на сезоната.