Top Sport

Гвардиола: Иниеста ме научи подобро да го разбирам фудбалот

Поранешниот тренер на Андрес Иниеста, а сега стратег на Манчестер сити, Пеп Гвардиола вели дека кога го гледал фудбалерот во акција добил подобро разбирање на фудбалската игра.

Гвардиола беше тренер во успешен период на Барселона, а сега откако Иниеста објави дека заминува на крајот на сезоната, тренерот реши да му оддаде почест на фудбалерот кој заминува од Барселона по 22 години.

„Можам три минути да зборувам само за тоа што Иниеста значеше не само за Барселона, туку за фудбалот. Последните неколку години немаше да бидат можни за мене, бидејќи ме научи да го сфатам фудбалот подобро со тоа што го гледав како игра. Сакам да му заблагодарам и да му посакам еден најдобро. Се надевам дека еден ден ќе се врати во Барселона и ќе ги учи малдите играчи дел од своето знаење. Јас научив многу со тоа што бев до него, што го гледав како тренира и како природно ги прави работите. Таква природна дарба е ретка“, вели Гвардиола.

Scroll to Top