Пеп Гвардиола второто полувреме на поразот на неговите Манчестер сити од Ливерпул од 1:2 и елиминацијата од Лигата на шампионите го гледаше од трибините откако доби црвен картон поради врескање кон судијата Антонио Матеу Лаоз, со кого има историја на несогласувања.
Гвардиола беше лут на неколку одлуки на Лаоз во првото полувреме, вклучувајќи недосуден пенал, црвен картон кој требаше да го добие Садио Мане, како и секако, поништувањето на голот на Лирој Сане. Ова не е прв конфликт на Пеп со овој судија.
Pep Guardiola has been sent to the stands for the second half after clashing (again) with referee Antonio Mateu Lahoz… pic.twitter.com/3ywfaQOP7x
— Football on BT Sport (@btsportfootball) April 10, 2018
Лаоз досуди два пенали за Наполи при 2:1 победата на Сити во групната фаза во октомври, а минатата година им даде пенал на Монако при 5:3 победата на Сити, во меч за кој Гвардиола сметаше дека за малку ќе ги чинел пласман понатаму.
Овојпат, Гвардиола вели дека мечот би имал поинаков тек.
„Му кажав дека е чист гол кога Лирој Сане ја имаше топката. Затоа ме избркаа. Ќе беше поинаку второто полувреме да почнеше со 2:0. Различно е кога голот на Салах е офсајд на ’Енфилд’, од тоа кога голот на Габриел Жесус е офсајд на ’Енфилд’. Во ова натпреварување клубовите треба да се еднакви, така што судиските одлуки не треба да се толку важни. Ќе се обидеме следната година. Честитки до Ливерпул и се надевам дека ќе ја претставуваат Англија добро во полуфиналето“, изјави Гвардиола по мечот.
Ливерпул го освои и „Етихад“, црна низа на Гвардиола и Сити (видео)