Top Sport

Гвардиола: Манчестер сити се „тинејџери“ во Лигата на шампионите

Пеп Гвардиола го опиша својот тим Манчестер сити како „тинејџери“ во Лигата на шампионите, и ги предупреди дека не треба да се гледаат веќе во четврт-финалето пред утрешниот меч со Шалке.

Сити имаат 3:2 водство од првиот меч во Германија и се очекува дека нема да имаат проблеми против клубот од Гелзенкирхен, кој е само 14. во Бундеслигата и загуби со 4:2 од Вердер во петокот.

Сити и покрај домашниот успех по преземањето на богаташите од Абу Даби во 2008 година, во Лигата на шампионите го немаат поминато полуфиналето и Гвардиола неколку пати посочи дека тие не се подготвени за титула. Сега, тој вели дека не може да се споредуваат со Ливерпул (5 титули) и Манчестер јунајтед (3 титули) на европска сцена.

„Ако ја освоиме титулата, ќе направиме само еден чекор напред. Потребни ни се 20 или 50 години. Ќе направиме чекор напред, но во споредба со таквите тимови, една титула не важи ништо. Ние сме тинејџери во ова натпреварување. Тоа не треба да е изговор, треба да се бориме за титула, но и други тимови го прават тоа“, вели Гвардиола.

Scroll to Top