Top Sport

Гвардиола: Меси е најдобар број 9, 10, 11, 7, 6, 5, 4…

Серхио Агуеро и неговите фантастични достигнувања со Манчестер сити го прават еден од најдобрите напаѓачи на светот, но неговиот менаџер Пеп Гвардиола уште мисли дека Лионел Меси е убедливо најдобриот фудбалер.

Агуеро постигна хет-трик вчера при 6:1 победата на гости кај Астон вила, заменувајќи го Тјери Анри како најдобар странски стрелец во историјата на Премиер лигата, а со 12-тиот хет-трик е прв на вечната листа пред Алан Ширер. Но, кога Гвардиола беше запрашан дали тој е најдобриот на светот, тој имаше поинаков одговор.

„Најдобриот е Меси! Меси е најдобриот број 9, број 10, број 11, број 7, број 6, број 5, број 4… Но, Серхио е секако меѓу најдобрите. Сум го кажал тоа многу пати, тој ќе умре постигнувајќи голови. Тоа е неговиот талент“, вели Гвардиола.

Агуеро и Манчестер сити ја понижија Астон вила (видео)

Scroll to Top