Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, во интервју за „FourFourTwo“, открил како Лионел Меси реагирал кога на тренинзите на Барселона започнал да се појавува Серхио Бускетс.
Шпанскиот репрезентативец минал низ академијата на Барселона „Ла масија“, а за првиот тим дебитирал во 2008 година.
„Се сеќавам што ми кажа Меси. По два или три тренинзи, тој ми пријде и ми рече:’Ми се допаѓа. Кога ќе имаме проблем, нека биде на самиот центар. Бускетс се работи за другите“, рекол Гвардиола кој во Барселона работел од 2008 до 2012.
Гвардиола, кој сега е тренер на Манчестер сити, неколку пати се обидел да го донесе Бускетс, кој има договор со Барселона до 2021 година. Откупната клаузула во неговиот договор изнесува 200 милиони евра.