Top Sport

Гвардиола: Можеме да бидеме многу подобри

Манчестер сити има осум поени предност на врвот на Премиер лигата по само 11 натпревари и гол разлика од +31, но нивниот менаџер Пеп Гвардиола смета дека тимот може да биде многу подобар.

Англиските медиуми го промовираа Сити во апсолутен фаворит за титулата, но Гвардиола е внимателен пред гостувањето кај Лестер овој викенд, откако во декември загубија со 4:2 од тогашните шампиони.

„Убаво се сеќавам на тој меч и тој беше еден од најлошите моменти лани. Не беше лесно. По три минути губевме со 2:0. Лестер се комплициран тим. Играат компактно и ти ги казнуваат грешките и затоа мораме да играме умно. Мораме да сфатиме дека можеме да бидеме подобри, да се подобриме. Последните два месеци направивме добра работа, но уште има простор за подобрување. Ако ги анализирате само резултатите, тогаш нема за што да зборуваме. Победивме и затоа сме совршени, но ако ја гледате играта, тогаш дефинитивно може многу повеќе“, вели Гвардиола.

Scroll to Top