Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, верува дека неговите фудбалери можат да го стигнат Ливерпул во борбата за титулата во Премиер лигата.
Сити, вчера, го претрпеа вториот пораз од почетокот на сезоната, поради што на табелата имаат осум бода помалку од Ливерпул.
Никогаш во историјата на Премиер лигата разликата помеѓу првиот и вториот не била осум бода по осум кола.
„Верувам дека моите момци можат се. Знам дека разликата во овој момент е голема. Од многу причини Ливерпул досега не испуштиле ниту еден бод. Но, ние не сакаме да мислиме на тие осум бода. Сега е октомври има уште многу до крајот“, рекол Гвардиола.
Минатата сезона по 20 кола Ливерпул имаа седум бода повеќе од Сити, а на крајот титулата ја освоија фудбалерите на Гвардиола.
„Црвените“ и „граѓаните“ првиот меѓусебен дуел оваа сезона ќе го одиграат на 10 ноември.