Top Sport

Гвардиола не е „очаен“ по Кејн: Минатата сезона постигнавме многу голови

Откако шампионите во Премиер лигата, Манчестер сити загубија со 1:0 од Тотенхем, нивниот каталонски менаџер Пеп Гвардиола сметаше дека на неговиот тим не му е „очајно“ потребен Хери Кејн, посочувајќи дека минатата сезона тие дале „многу голови“.

Мечот против Тотенхем беше посебен поради тоа што домаќините решија да не го постават Кејн во составот на тимот по шпекулациите за трансферот вреден 120 милиони фунти токму кај Сити. Гвардиола, кој неколку пати призна дека Сити го сакаат англискиот капитен, сега повнимателно ги бираше зборовите.

„Ги имаме истите играчи од минатата сезона, кога постигнавме многу голови. Се случуваат и вакви мечеви. Важно е што игравме добро до последната минута, до последното натпреварување. Бевме блиску до гол многу пати, но ова е истиот тим кој е доволно добар да создава шанси и да дава голови“, вели Гвардиола.

Сепак, во тимот на Гвардиола само Габриел Жесус ја извршува улогата на класичен напаѓач по заминувањето на Серхио Агуеро, а минатата сезона најдобар стрелец во тимот беше фудбалер од средниот ред, Илкај Гундоган со 13 гола.

Scroll to Top