Top Sport

Гвардиола: Не можеме да го стигнеме Ливерпул

Манчестер сити во саботата беа поразени во градското дерби од Манчестер Јунајтед (1:2). По овој пораз екипата на Пеп Гвардиола има 14 бода помалку од лидерот Ливерпул. Шансите на Сити за одбрана на титулата полека влегуваат во доменот на теоријата.

„Не е реално да ги стигнеме Ливерпул. Сепак наша должност е да продолжиме да се бориме. Треба да се борике за уште неколку трофеи“, рекол Гвардиола и продолжил.

„Ние треба да размислуваме што треба да направиме на наредниот меч, а не да размислуваме како да го стигнеме ривалот. Имаат неверојатна серија, додека ние испуштивме многу бодови“.

Манчестер сити наредниот меч ќе го играат во Лигата на шампионите каде веќе го обезбедија првото место во својата група. Сити во среда ќе гостуваа кај Динамо во Загреб.

Scroll to Top