Манчестер сити од Кристал Палас го доживеаја првиот пораз на домашен терен во новата сезона. Трагичар во поразот е шпанскиот репрезентативец Ајмерик Лапорт. Тој направи грешка во шестата минута по која Заха го постигна првиот гол, а на истекот на првиот дел поради старт врз иститот играч доби црвен картон.
Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, не е е задоволен од судењето и толкувањето на ВАР.
Не знам каде е границата помеѓу жолтиот и црвениот картон. Тоа е одлука на ВАР. Џони Еванс од Лестер, неколку часа порано за ист фаул доби жолт картон. Ние добивме црвен. Судиите се главни на теренот, тие се прашуваат дали некој старт е за жолт или за црвен картон…“, рекол Гвардиола и дополнил.
„Беше тешко 10 на 11. Натпреварот за нас одеше во пргорешна насока. Дури бевме и подобри од нив со играч помалку, но едноставно не можевме да избориме нешто повеќе“.