Top Sport

Гвардиола останува на своето: Премиер лигата е поважна од Лигата на шампиони

Пеп Гвардиола остана на своето мислење дека титулата од Премиер лигата е многу поважна од таа од Лигата на шампиони пред првиот клучен меч со Челси во сабота.

Манчестер сити може да ја запечатат третата титула од Премиер лигата во последните четири години доколку ги совладаат Челси на „Етихад“ во сабота, пред да се сретнат со тимот на Томас Тухел и во финалето на ЛШ на 29 мај во Истанбул.

„Секогаш сум велел дека Премиер лигата е најважната титула. Би кажал дека финансиски за клубот е најважно да се влезе во Лигата на шампионите, но нема сомнеж дека домашната титула е поважна. Секако, Лигата на шампионите е посебно натпреварување, но Премиер лигата значи дека си бил постојан цела сезона. Имаме четири меча да освоиме два поени, една победа, а утре е првиот од тие мечеви“, вели Гвардиола.

Scroll to Top