Top Sport

Гвардиола по 25. трофеј во кариерата: Полесно е со големи клубови

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола сакаше да го намали значењето на новиот фудбалски трофеј кој го освои, по 1:0 победата на Сити над Тотенхем во финалето на Карабао купот.

Гвардиола го освои 25. трофеј со третиот клуб во кој е тренер, откако Ајмерик Лапорт го постигна единствениот гол на „Вембли“, продолжувајќи ја успешната кариера во која освојуваше голем број на титули и со Барселона и Баерн Минхен.

„Добро е. Бев во големи клубови: Барселона, Баерн Минхен, тука. Затоа е многу полесно да се стигне до трофејот. Најубаво не беше четвртиот трофеј од ова натпреварување, туку што повторно ги слушнавме навивачите, иако не беа многу“, вели Гвардиола.

Scroll to Top