Top Sport

Гвардиола: Победата им ја посветувам на уапсените Каталонци

Пеп Гвардиола победата која Манчестер Сити ја извојува против Наполи (2:1) им ја посвети на двајцата уапсени каталонски лидери.

Каталонија на 1 октомври одржа референдум за независност, кој предизвика контроверзни сцени, а уставниот суд на Шпанија го прогласи за нелегален. Во текот на вчерашниот ден полицијата ги уапси двете лица во Барселона.

„Оваа победа им ја посветувам на уапсените лидери за независност на Каталонија. Ние во Каталонија покажавме дека државјанството е поважно од која било идеја. Се надевам дека тие наскоро ќе бидат пуштени на слобода“, рекол Гвардиола.

Сити во групата во Лигата на шампионите ја забележа третата победа во исто толку натпревари.

Scroll to Top