Top Sport

Гвардиола повторно е „тренер на месецот“ во Премиер лигата

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, денеска по четврти пат е прогласен за тренер на месецот во Премиер лигата.

Гвардиола е првиот менаџер во историјата на Премиер лигата кој успеал да „собере“ четири награди во четири месеци. За најдобар тренер тој е прогласен во септември, октомври, ноември и декември.

Манчестер Сити во декември одигра седум натпревари, забележа шест победи и едно реми. Сити успеа да стекне 14 бода предност на челната позиција во однос на Манчестер јунајтед.

Пеп Гвардиола победи во конкуренција на Сем Олердајс (Евертон), Јирген Клоп (Ливерпул), Маурисо Покетино (Тотенхем), Рој Хоџсон (Кристал Палас) и Антонио Конте (Челси).

Scroll to Top