Top Sport

Гвардиола: Само поради Сити ќе се откажам од жолтата лента

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ќе престане да ја носи жолтата лента само доколку клупските челници го побараат тоа од него или доколку неговата одлука да ја носи лената на било каков начин влијае врз тимот.

Фудбалската асоцијација (ФА) на Англија покрена постапка против Гвардиола бидејќи, лентата со која го истакнува својот политички став и ја дава својата поддршка на сите активисти и политичари кои ја поддржуваат независноста на Каталонија, ја носи на натпреварите во Премиер лигата и Лига купот.

„Многу е поважно одна што се случува со тимот од моето лично мислење и моите ставови. Мислам дека тоа нема да се случи, но доколку раковдството на клубот побара да не ја носам жолтата лента, ќе го почитувам тоа. Кога луѓето носат розева лента, тогаш тие даваат поддршка на борбата против ракот на дојката. Идејата е иста. Но, јас не сакам да му наштетам на својот тим“, рекол Гвардиола.

Scroll to Top