Top Sport

Гвардиола „се мачи“ да биде џентлмен (видео)

Пеп Гвардиола го „освои“ англискиот фудбал со своето однесување, со своето тактичко знаење и со богатиот тим на Манчестер сити зад него. Меѓутоа, тешката победа од 2:1 над Саутемптон покажа и една друга страна на Каталонецот.

Исфрустриран од тоа што Саутемптон „одби да игра фудбал“, по победата, обезбедена со доцниот гол на Рахим Стерлинг, Гвардиола неочекувано отиде кај Нејтан Редмонд и луто му објаснуваше нешто. Гвардиола имаше неочекуван изговор.

„Што му кажав? Колку е добар фудбалер. Минатата сезона не растури тука. Не го знаев минатата година и не сфаќав колку е добар. Денеска не сакаа да нападнат бидејќи само се бранеа“, изјави Гвардиола.

Останува нејасно зошто Саутемптон би требало да нападнат при 1:1 против лидерите во Премиер лигата – тим кој има 42 гола во 13 меча пред тој дуел. Саутемптон немаше задолжение да игра убав фудбал, нели?

Исто така се поставува прашањето, доколку ваква акција направеше менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, какви ќе беа реакциите? Мурињо лани беше исфрлен од игра откако шутна пластично шише покрај теренот поради фаул над неговиот играч. Замислете на манчестерското дерби, ако Јунајтед победи, Мурињо да го фати за врат Рахим Стерлинг и да му зборува? Што ќе се случи?

Неодамна, тренерот на Тотенхем, Маурисио Почетино даде необична изјава дека Гвардиола „се мачи да биде џентлмен“ кога ќе победи, и случките од средата можат да го потврдат ова.

Редмонд само може да биде горд што остана смирен и не направи поголем инцидент.

Волшебна ноќ на Руни, Стерлинг во 96.минута за триумф на Сити (Видео)

 

Scroll to Top