Top Sport

Гвардиола: Серхио Агуеро е голем човек

Пеп Гвардиола го пофали Серхио Агуеро за неговата „неверојатна“ реакција откако најдобриот стрелец во историјата на Манчестер сити беше оставен на клупата при првиот меч од осминафиналето од Лигата на шампионите на гости кај Реал Мадрид.

Агуеро и Давид Силва не влегоа во игра од клупата, додека Сити стигна до 2:1 победа на „Бернабеу“, и сега заедно со Рахим Стерлинг немаат гарантирано место за финалето од Карабао купот против Астон вила во недела на „Вембли“.

„Тие тројца фудбалери, нивното однесување во соблекувалната треба да биде пример за сите. Горд сум на нивната реакција бидејќи знаев дека сакаа да играат. Серхио беше посебно неверојатен, и никогаш нема да можам доволно да му се заблагодарам за неговиот гест, посебно како легенда на овој клуб. Тој ни е потребен и би сакал сите фудбалери да имаат ист став“, вели Гвардиола.

Scroll to Top