Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола вели дека неговиот тим не може да биде сметан за фаворит за титулата во Лигата на шампионите бидејќи едноставно ја немаат историјата на Милан, Јувентус или шпанските клубови.
Англиските шампиони според букмејкерите се едни од фаворитите за трофејот оваа година, но почетокот во ЛШ не беше најдобар – прво загубија дома од Лион, а потоа во последен момент стигнаа до 2:1 победа кај Хофенхајм.
„Тимовите во Лигата на шампионите се толку многу добри. Се обидов да им кажам на моите фудбалери да не го потценуваат Милан. Ние немаме славна историја зад нас. За мене уште е изненадување секогаш кога Сити ќе победи. Ние сме на чекор подолу од тимовите со голема историја како Ливерпул, шпанските клубови, Милан и Јувентус. Имавме едно полуфинале и едно четврт-финале. Затоа треба да бидеме скромни, да ги анализираме противниците. Четврт-финалето би било огромен успех за Сити“, вели Гвардиола.
Фото: ЕПА