Top Sport

Гвардиола: Сити не оди во лов на рекордот на Арсенал

Манчестер сити нема да го повтори успехот на Арсенал и да има непобедлива сезона, бидејќи како што вели нивниот тренер, Пеп Гвардиола: „Некој ќе не победи“.

Арсенал е единствениот тим во историјата на Премиер лигата кој успеал да заврши цела сезона без пораз (2003/04), генерација која го доби прекарот „Непобедливи“. Сити во недела го пречекува тимот на Арсенал на „Етихад“ и Гвардиола се надева само на победа.

„Рекордот на Арсенал им припаѓа само ним. Ние нема да го срушиме тој рекорд. Арсен нека биде мирен. Тоа беше исклучителен тим, неверојатен. Не сакам да го срушиме тој рекорд, но сакаме да ги победиме во недела“, вели Гвардиола.

Сити имаат девет победи во првите 10 меча од сезоната и водат 5 поени пред Манчестер јунајтед, а токму Арсенал е последниот тим кој успеал да ги победи, со 2:1 во полуфиналето на ФА купот во април.

„Да, имаме пет поени предност. Колку има до крајот? Колку поени за освојување? 84 за играње и пет предност. Да играме до мај како што игравме последните два месеци би кажал дека имаме добра шанса, но кој ќе ми каже дали некој играч ќе се повреди дотогаш. Многу прашања, многу силни противници. Ќе зборуваме во мај. Луѓето велат дека сме непобедливи, но некој ќе не победи“, додава Шпанецот.

Scroll to Top