Пеп Гвардиола не верува дека неговите Манчестер сити се подготвени да се борат за титулата од Лигата на шампионите, но побара поддршка од навивачите во борбата во европската елита.
Манчестер сити немаат пласман во финалето на ЛШ и нивните навивачи имаат необична аверзија кон натпреварувањето, постојано свиркајќи ја химната и ретко успевајќи да го наполнат стадионот од 55.000 седишта. Сега, Гвардиола, откако 40.111 навивачи го гледаа мечот со Лион, вели дека поддршката на навивачите е неопходна.
„Јас сум роден во Барселона и пораснав таму. Кога почнав, знаев дека единствен начин да преживееше да победуваш. Но, научив и дека кога нема да победиш, животот продолжува и чекаш нова шанса. Од тоа што го видовме лани, не сме подготвени за титула во ЛШ. Тоа не значи дека нема да се обидеме, но желбата не е доволна. Мораш да имаш искуство, желба, зад тебе да се сопствениците, фановите, медиумите. Тогаш тоа е можно. Ние сме добар тим, но потребно ни е нешто специјално, а тоа го немаме. Можеби во иднина“, изјави Гвардиола пред утрешното густвање во Украина кај Шахтјор Доњецк, каде што загубија со 2:1 минатата сезона.
Фото: ЕПА