Top Sport

Гвардиола стана член на Џирона

Менџерот на Манчестер сити Џосеп Гвардиола стана член на Џирона! Звучи чудно? Гвардиола има нов клуб, но не како тренер. Прославениот тренер ја искористил паузата во националните првенства за да ја посети Џирона каде прв човек е неговиот брат Пер.

Гвардиола се појавил на тренингот на Џирона во средата во друштво на својот брат кој воедно е сопственик и директор на овој клуб од шпанската покраина Каталонија.

Дека браќата добро ги познаваат маркетинг-триковите покажува и идејата славниот тренер да стане член на Џирона.

Гвардиола добил членската карта и дрес.

https://twitter.com/CFG360/status/1169258412154249216

„Навистина сакав да станам член на Џирона, поради тоа го замолив братот да ми ја организира оваа посета. Од Манчестер секогаш кога ќе имам време ги следам натпреварите на овој клуб. Се надевам дека тренерот Хуан Карлос и неговиот тим ќе имаат добра сезона. Сезоната е долга, таа сигурно нема да биде решена во октомври. Поентата е значајните мечеви да се дочекаат во добра позиција на табелата која на тимот ќе му овозможи да се бори за пласмна во Ла Лига“, рекол Гвардиола.

Џирона по две сезони во Ла Лига испадна во Сегунда. Сите во клубот се убедени дека можат експресно да се вратат во елитниот ранг на шпанскиот фудбал.

Scroll to Top