Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, не го криел задоволството поради голот на Рахим Стерлинг во последните секунди од дуелот со Саутемптон.
Манчестер Сити во 14.коло ја забележа 13. победа во низа во Премиер лигата и ја задржа предноста од осум бода во однос на градскиот ривал Манчестер Јунајтед.
„Рахим е победник на мечот, постигна фантастичен гол, пресреќен сум поради него. Неколкупати кажав дека тој напредува. Порано беше срамежлив, но сега знае дека може. Верувам дека соиграчите му даваат самодоверба, но мора да бидете и силна личност за да постигнете гол во последната минута“, рекол Гвардиола.
Меѓу играчите и стручниот штаб кои се обидоа да го „фатат“ Стерлинг, кој слaвејќи го голот го претрча целиот терен, беше и Бенџамин Менди, кој нема да игра уште неколку месеци поради повреда на коленото.
„Менди е луд, има повреда поради која не може да игра шест месеци, а трча. Тоа е катастрофа“, истакнал менаџерот на Сити.
Лидерот во Премиер лигата наредниот натпревар ќе го одигра в недела од 17 часот кога ќе го пречека давеникот Вест Хем.