Top Sport

Гвардиола велеше немаат пари, а сега најавува трансфери од 100 милиони фунти

Иако пред неколку дена изјави дека е невозможно да се прават големи трансфери поради финансиските оптоварувања кои ги имаат големите европски клубови поради кризата со корона вирусот, Пеп Гвардиола сега најавува дека Манчестер сити може да бидат предизвикани да инвестираат над 100 милиони фунти на еден фудбалер.

По потврдата дека проверената „деветка“, Серхио Агуеро заминува на крајот на сезоната, шпекулациите велеа дека „граѓаните“ се заинтересирани за Ерлинг Халанд или за Ромелу Лукаку. Пред четврт-финалето од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд, клуб каде што игра токму Халанд, Пеп дава поинаква визија за иднината.

„Да се потроша многу пари на еден фудбалер не ви дава предност да стигнете до победа. Фудбалот е тимска игра, сите имаат своја улога, и никогаш не победува еден човек, туку тимот. Досега, Манчестер сити решија да не трошат блиску до 100 милиони фунти за играч. Можеби во иднината тоа ќе се случи ако клубот реши дека треба да се подобри тимот за следните пет до десет години“, вели Гвардиола.

Scroll to Top