Top Sport

Гвардиола во јануари ќе го донесе Олмо во Сити

Манчестер сити ќе бидат активни во јануарскиот преоден рок. Во клубот планирале да потрошат 100 милиони евра на засилувања, а дел од тие пари ќе бидат одвоени за Дани Олмо од Динамо Загреб.

Шпанецот е најдобриот играч на хрватскиот првак, интерес за него имаше и летово, но ниту еден од заинтересираните клубови не сакале да платата 40 милиони евра.

„Калчомеркато“, повикувајќи се на свои извори објави дека Сити биле подготвени во јануари да ја платат бараната сума.

Дека Олмо ги игра последните натпревари за Динамо потврдил и тренерот Ненад Бјелица во разговор за „Кадена СЕР“.

Scroll to Top