Top Sport

Гвардиола во Мегвајр најде скапа замена за Компани

Пеп Гвардиола и Манчестер сити ќе направат обид да го донесат англискиот репрезентативец Хери Мегвајр од Лестер сити како замена за капитенот на заминување Винсен Компани, и во овој процес можат да го срушат светскиот рекорд за трансфер.

Според „Дејли мејл“, Гвардиола бил импресиониран од Мегвајр и веќе се направени првитеконтакти со Лестер откако на мечот помеѓу двата клуба оваа сезона, Каталонецот беше забележан во разговор со Англичанецот.

Лестер, дефинитивно не сакаат да го продадат Мегвајр, кој потпиша нов петгодишен договор минатиот септември по одличниот настап на Светското првенство во Русија и интересот на Манчестер јунајтед, така што преговорите сигурно нема да бидат „нежни“.

Гвардиола претходно им го зема Ријад Марез на Лестер, но само откако плати 60 милиони фунти, а трансферот на Мегвајр би го срушил рекордот од 75 милиони фунти за дефанзивец, откако за таа сума Виргил ван Дајк дојде од Саутемптон во Ливерпул.

Scroll to Top