Top Sport

Гвардиола за Стерлинг: Не можам да му гарантирам минути

Пеп Гвардиола е шокира што Рахим Стерлинг може да побара трансфер од Манчестер сити, но признава дека нема да му гарантира поголема минутажа во тимот.

26-годишниот Стерлинг вчера призна дека интересот од Барселона му годи, додавајќи дека би сакал да се проба во друга лига и дека не му е пријатно што нема повеќе минути во Сити.

„Не го знаев тоа, и мислам дека во клубот не го знаеја. Рахим е наш фудбалер и се надевам дека ќе биде важен фудбалер за нас. Не знам дали сака да игра повеќе. Ријад Марез не игра и не се жали, Жоао Кансело исто така. Не можам да им гарантирам колку минути ќе играат. Секогаш треба своето да го кажат на теренот. Не Рахим, сите. Знаат дека ќе добијат минути, сите мои играчи се вклучени во игра. Сакам да бидат задоволни што играат тука. Ако не е така, тогаш треба да направат одлука која е најдобар за нивните семејства. Бев фудбалер, ги сфаќам, и јас сакав да играм на секој натпревар“, вели Гвардиола.

Стерлинг признава дека може да замине во Барселона

Scroll to Top