Пеп Гвардиола прифаќа дека Манчестер сити нема да бидат сметани за голем тим доколку не ја освојат Лигата на шамионите, и додава дека тој и неговиот тим е подготвен за предизвикот.
Сити во сезоната која измина стигнаа до историскат тројна титула од Премиер лигата, ФА купот и Лига купот, откако во сезоната 2017/18 стигнаа до трофејот од ПЛ со рекорден број на поени. Но, тие беа елиминирани од Лигата на шампионите во четврт-финалето од Тотенхем, што е третпат да не успеат да го минат ова коло откако Гвардиола го презеде клубот.
„Фудбалот секогаш ти дава шанса. Луѓето велат дека ако не ја освоиме Лигата на шампионите, нема да не сметаат за најголемите. Океј е, го знаеме тоа и го преземаме предизвикот. Пред една деценија никој не мислеше дека овој клуб може да ја освои Премиер лигата. Сега, на ред е Лигата на шампионите. Чекор по чекор. Ако се случи следната сезона, тогаш добро. Со или без мене, овој тим или некој друг. Ако не се случи, немаме среќа, но нема да се откажеме“, вели Гвардиола.