Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, рекол дека е добро што неговиот тим, во Ливерпул, има силен конкурент во борбата за шампионската титула.
Сити и Ливерпул со 35 и 33 бода се на првите две позиции во Премиер лигата по 13.коло. Исто така тие досега немаа пораз во шампионатот. Викдендов Сити победи во Лондон кај Вест Хем (4:0), а Ливерпул во Вотфорд (3:0).
„Потребно ни е да имаме конкуренција. Спортисти сме и имаме потреба од тоа. Играчите се свесни колку е силен Ливерпул и поради тоа не смееме лесно да губиме бодови, во спротивно тие ќе ја освојат Премиер лигата“, рекол Гвардиола и дополнил.
„Ливерпул не тера да бидеме подобри. Слична ситуација имате во тенисот со Ѓоковиќ, Надал и Федерер. За да се натпреваруваме мораме да имаме противници што се на нашето ниво. Можеме да кажеме дека конкуренција ни се и Челси, Тотенхем, Арсенал“.
Тимот на Гвардиола во наредната рунда, во Премиер лигата, ќе го пречека Борнмут, во вторник пак, во Лигата на шампионите, ќе гостува во Лион.