Елиф Елмас, талентираниот македонски репрезентативец, во јануари би можел од Истанбул да се пресели во Премиер лигата, кај Пеп Гвардиола во Манчестер сити.
19-годишниот фудбалер, игра одлично од почетокот на сезоната, иако тимот на Фенербахче не бележи дoбри резултати.
Елмас има договор со Фенербахче до 2022 година, но некои медиуми шпекулираат дека тој многу бргу ќе ја напушти Турција и дека следната дестинација ќе му биде англискиот првак Манчестер сити, кого од клупата го предводи еден од најдобрите светски тренери Пеп Гвардиола.
Според шпекулациите, покрај Манчестер сити, сериозен интерес за Елмас покажувал и Тотенхем, односно менаџерот Маурисио Покетино. Тотенхем сакал да го донесе елмас како замена за Муса Дембеле кој ќе замина во Кина.