Поранешниот фудбалер од средниот ред на Ливерпул, Дон Хачинсон вели дека Јирген Клоп мора да го заддржи во клубот Садио Мане и доколку може што е можно побргу да го продаде Мохамед Салах за висока сума, бидејќи тој знае да е „толку лош фудбалер, што тоа е нереално“.
Шпекулациите велат дека Салах и Мане се на „мета“ на шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона, и иако на „Енфилд“ тврдат дека нема да има заминувања на првите ѕвезди, високите понуди нема да можат да се игнорираат и Хачинсон вели дека е јасно кој треба да бие изборот.
„Не би прифатил ниту 140 милиони евра за Мане. Тие се на иста возраст и ги следам секоја недела, но ако зборуваме за Мо Салах, тој ќе направи генијална работа, но потоа прави нешто толку основно лошо, што е нереално. Не може да додаде топка на пет метра, се обидува на сите да им ја протне топката низ нозе, оди од десна на лева страна, игра напаѓач преку дефанзивците… Си помислувате: ’Сигурно Јирген Клоп се обидел да го тренира на основните работи’. Некои негови бројки се навистина лоши, но дава многу голови. Ако Ливерпул мора да продаде некој, тогаш нека го даде Мо Салах за да го добие Џејдон Санчо“, вели Хачинсон за „ЕСПН“.