Дин Хојл ја напушта претседателската функција во Хадерсфилд, Хојл кој цела деценија беше на чело на клубот, решил да му го продаде Хадерсфилд на Фил Хоџкинсон.
Неделниот натпревар против Манчестер Јунајтед ќе биде последен на кој 52 годишниот Хојл ќе ја има улогата на претседател. За време на неговиот мандат Хадерсфилд успеа да избори пласман во Премиер лигата што е најголем успех во 40 годишната клупска историја.
„Моето срце на сака да го продадам клубот. Натпреварот со Јунајтед ќе биде најемотивниот момент во мојот живот. Сепак разумот ми говори дека по десет години посветеност, а поради здравствените проблеми, морам да го сторам она што е најдобро за мене, моето семејство и овој клуб“, рекол Хојл.
Новиот претседател Хоџкинсон ќе стане сопственик на 75 отсто од акциите.
Инаку Хадерсфил по две сезони минати во Премиер лигата, од наредната повторно ќе игра во Чемпионшип дивизијата.