Top Sport

Хадерсфилд со прва победа оваа сезона, Фулам се најде на дното (видео)

Во понеделничкото дерби на дното на Премиер лигата, тимот на Хадерсфилд таун ја забележа првата победа оваа сезона по 11 кола, откако со минимални 1:0 беа подобри од Фулам, „осудувајќи“ го новиот премиерлигаш на последното место на табелата и зголемувајќи го притисокот за нивниот менаџер, Славиша Јокановиќ.

Клучниот момент на мечот се случи во 29. минута, кога по една нафрлена топка во шестнаесетникот на гостите, Тимоти Фосу-Менса „елегантно“ ја смести топката во својата мрежа изненадувајќи го голманот Јонас Лесл. Ова, верувале или не, беше првиот гол кој Хадерсфилд го постигнал на својот стадион „Кирклис“ од април!

Со победата, Хадерсфилд има шест освоени поени досега во ПЛ, и се наоѓа на 18. место, додека Фулам се последни со пет поени, колку што има и претпоследниот Кардиф.

Scroll to Top